Признание за нашиот капитен: Лазаров го реши Сесон и обезбеди место во дрим-тимот на колото во Франција (ФОТО)

kire slavi

Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров одигра брилијатно на средбата против Сесон-Рен во францускиот шампионат и беше клучен играч за триумфот на Нант од 29:28. Токму со погодокот на македонскиот ас на шест секунди до крајот домашниот состав дојде до победа, Кире пак на фантастичен начин ја заокружи партијата, а токму за тоа сега дојде и наградата.

Имено Кире благодарение на настапот и деветте постигнати голови се најде во тимот на шестото коло во Франција заедно со соиграчот Никола Клер, Никола Боши од Истрес, искусниот Вид Кавтичник, Баптист Буто од Данкерк, голманот Михаил Попеску од Сант Рафаел и дуото на Шамбери, Пјер Патурел и Гердас Бабарскас.

kire tim na nedela

Facebook Коментари