Признание за македонското крило: Фановите го избраа Манасков за играч на сезоната во Веспрем

deki

Веспрем немаше сезона за паметење во Унгарија и во Лигата на шампоните, но без разлика на тоа нашиот ас Дејан Манасков остави одличен впечаток во првата своја кампања каде успеа да даде 118 голови на 35 мечеви.

Овој учинок и се што даде за Веспрем беше доволно да ја добие довербата на навивачите кои го прогласија за играч на сезоната. Македонското крило доби најголем број од гласовите и ја доби наградата „Карлос Перез“.

Претходно ова признание го добивале Герг Иванчик (2009/10), Дејан Периќ (2010/11), Часар Габор (2011/12), Ласло Наѓ (2012/13), Момир Илиќ (2013/2014, 2014/15), Арон Палмарсон  и (2015/16) и Мате Лекаи (2016/17).

Facebook Коментари