Поврзете се со нас

Европски купови

Признание за голманот на Пелистер: Лесјак ја има најатрактивната одбрана во Лигата на Европа (ВИДЕО)

Објавено

на

Тимот на Еурофарм Пелистер го немаше посакуваниот старт во Лигата на Европа на ЕХФ или поточно на домашен терен претрпе пораз од Архус од 30-27.

Од оваа средба македонскиот вицешампион треба да извлече поуки, да ја научи лекцијата, но од истиот има и едно признание и тоа за голманот Урбан Лесјак. Словенецот имаше шест одбрани на овој дуел, а едно од нив беше навистина специјална и доби награда од ЕХФ тимот.

Лесјак е автор на најубавата интервенција на првото коло во ова натпреварување. Овде можете да ги погледнете мајсториите на голманите.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни