Поврзете се со нас

Италија

Притисокот се зголемува: Три натпревари ќе ја одлучат иднината на Фонсека во Милан

Објавено

на

Милан вечерва и гостува на Верона во средбата од италијанската Серија А, средба на која се освен три бода за гостите ќе биде нов удар за амбициите на клубот од Милано.

„Росонерите“ се мачат да фатат ритам во досегашниот дел на оваа сезона, екипата има резултати кои се под очекувањата и дефинитивно се зголемува притисокот врв тренерот Пауло Фонсека.

Веќе се говори и за негов можен отказ, а според „Газета Дело Спорт“ иднината на Португалецот во калчолигашот ќе зависи од наредните три натпревари вклучувајќи го и овој денешниот на „Марк Антонио Бентегоди“ кој се игра од 20:45 часот.

Останатите два се против Рома на крајот на годинава и Јувентус во Супер Купот на Италија што значи дека Фонсека е пред сериозен предизвик да испорача резултати ако не сака да ја заврши приказната со „црвено-црните“.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни