Поврзете се со нас

Шпанија

Притисокот на фановите даде резултат, Бартомеу веќе не е претседател на Барселона

Објавено

на

Хозеп Марија Бартомеу вечерва поднел оставка на претседателската функција во Барселона, а решението доаѓа по загубената поддршка од фановите и големиот притисок да го направи овој потег по конфликтот со Лионел Меси.

Тој требаше да го води клубот до март кога му завршуваше вториот мандат и за кога беа закажани нови претседателски избори, но решил да замине по загубената доверба меѓу фановите, дел од соработниците, па и незгодниот пораз на последното „Ел Класико“.

Најголемата ѕвезда на клубот и миленик на фановите, Лионел Меси, се обиде да замине од Барселона во последниот преоден рок, истакнувајќи го незадоволството од претседателот, а неговото останување беше еден вид најава дека може порано да ја напушти функцијата.

Фановите изминатиов период собраа доволно потписи за да биде организиран референдум, на кој ќе изгласаа недоверба на претседателот, со што тој ќе станеше само трет предводник на клубот кој ја напуштил функцијата на ваков начин.

Инаку Бартомеу вчера истакна дека воопшто не размислувал за оставка, ама пресвртот се случи откако каталонските власти решија да го отфрлат барањето на актуелното раководството на клубот гласањето за нивна недоверба закажано за 1 ноември да биде одложено за да се заштитат лицата кои гласаат од ризикот од коронавирус. Откако ова беше отфрлено Бартомеу и неговите соработници одлучија да се повлечат уште пред гласањето,

Под водство на Бартомеу кој е на оваа позиција од 2014 година, Барселона освои пет шампионски титули во Ла Лига и еден трофеј во Лигата на шампионите.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни