Пристигна во Барса како звучно засилување, а по три месеци сака да си оди

malkom

Откако Артуро Видал ова лето пристигна од Баерн Минхен во Барселона и со изјава потенцираше дека сака да заврши со фудбалот во Мексико или САД, повторно се јави друг фудбалер од редовите на ,,каталонците”.

Се работи Бразилецот Малком, кој ова лето од Бордо пристигна во Барселона, а требаше да заврши во Рома, односно раководството на Барса успеа да го украде во последен момент од Рома. По само три поминати месеци, тој е решен да си оди.

Откако пристигна во Барселона, одигра само 25 минути, а не успеа да се запише во листата на стрелци. Според шпекулациите во италијански медиуми, можно е да заврши во клуб од италијанското првенство, но никако нема да биде тимот на Рома, зошто таму вратите му се затворени. Интер е тимот кој е во контакти со менаџерот на Малком, но што ќе излезе од тоа ќе покаже времето.

Facebook Коментари