Поврзете се со нас

Евролига

Принтезис и пресуди на Звезда, Реал му ја донесе 200. победа на Ласо (ВИДЕО)

Објавено

на

Се одиграа првите пет средби од 13. коло во Евролигата, а на истите како поуспешни се покажаа домашните екипи кои остварија три победи.

Една од нив беше на кошаркарите на Реал Мадрид кои беа подобри од Зенит со 79-72 и со тоа ја продолжија одличната резултатска низа на домашен паркет. Ова воедно беше 200. триумф на тренерот Пабло Ласо во Евролигата, а најистакнат поединец беше Абалде со 16 поени, Рендолф даде 12, Таварес и Лапровитола застанаа на 11, додека Томпкинс реализираше 10 со што ја заокружи групата на двоцофрени играчи.

Кај Зенит за кого ова беше прв сезонски гостински пораз најдобар беше Холинс со 15 поени.

Црвена Звезда пак водеше 16 разлика против Олимпијакос, но и ова не беше доволно за „црвено-црните“ за позитивен резултат на средбата во Белград која ја реши Принтезис. Имено грчкиот тим успеа да се врати од негативата, да дојде до ситуација сам да решава за победникот и тоа го направи ветеранот Принтезис кој погоди во последниот напад за конечни 81-79.

Токму херојот со 16 кошеви ја предвоеше листата на стрелци, добар беше и плејмејкерот Спанулис со 14 кошеви. O’Брајант со 16 поени беше лидер кај клубот од Србија.

Останати резултати:

Алба-Фенербахче 89-63

Басконија-Макаби ТА 63-67

Валенсија-Анадолу Ефес 76-74

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни