Поврзете се со нас

НБА

Принцот Вилијам воодушевен од историската партија на Тејтум: Многу е добар (Видео)

Објавено

на

Џејсон Тејтум е лидер на Бостон веќе неколку сезони по ред, но како што одминува времето, 24-годишната ѕвезда е се подобра и утрово запиша историски бројки во НБА лигата.

Тејтум немаше милост кон одбраната на Мајами и го заврши мечот со 49 поени и 11 скокови, а ова му овозможи да оствари историски учинок кој претходно не се памети во американската елита.

Набрзо по мечот кој заврши со резултат 134:121, НБА информираше дека Тејтум е првиот играч во историјата кој успеал во повеќе наврати да има натпревари со над 45 поени, над 10 скокови и над 8 постигнати тројки.

Од 12 испратени шутеви од дистанца, Тејтум успеа да погоди дури осум тројки против Мајами, а со една од нив го воодушеви и Принцот Вилијам кој беше на трибините во „Ти-Ди Гарден“ во друштво на сопругата Кејт Мидлтон.

– Многу е добар….., – можеше да се прочита од усните на Вилијам.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни