Примера му смисли нов прекар на „снајперистот“ Барди (ФОТО)

bardi-getafe

Македонскиот ас, Енис Барди со својот маестрален погодок од слободен удар во пресметката со Гетафе повторно се најде во центарот на вниманието на шпанската јавност.

Барди со таа своја мајсторија му донесе три бода на Леванте, па доби комплименти од најреномираните шпански медиуми како „Марка“ и „Ас“ и потоа беше номиниран и за играч на колото во Примера. Сега пак од Ла Лига одново му посветија внимание на Барди притоа потенцирајќи ја неговата прецизност од слободните удари (6/22 или 27,27 проценти на реализација), плус и му измислија нов прекар.

-Лиценца да шутира, лиценца да дава голови. Енис „смртоносниот“ Барди,-стои во објавата од Ла Лига.

Facebook Коментари