Шах
Прилепчани организираа ревијален шаховски турнир по повод 76-годишнината од основањето на федерацијата
По повод 76 години од основањето на Шаховскиот сојуз на Македонија, а на иницијатива на ШК Прилеп, НУ Завод и музеј Прилеп, како и КЕЦ „Небрегово“, заеднички организираа меморијален турнир во шах на кој учество зедоа неколку реномирани екипи од Македонија.
Горанчо Цветкоски, професорот Атанас Конески и ИМ Тони Кироски направија настан за паметење со оглед на преземената обврска секоја година да го чествуваат 18 Август денот на основањето на Шаховскиот сојуз на Македонија.
Турнирот се одржа во с. Небрегово во родната куќа на првиот претседател на ШСМ, академик Блаже Конески – основоположник и кодификатор на македонскиот литературен јазик кој е душата на еден народ, дел од културната меморија и стожер на идентитетот. Македонскиот јазик, литература и култура Конески го промовираше и негуваше насекаде низ светот.
Само за потсетување Блаже Конески бил голем љубител на шахот и настапил на првиот екипен шампионат на Југославија во далечната 1946 година играјќи за екипата на Работнички при што ремизирал против велемајсторот Александар Матановиќ еден од најдобрите југословенски шахисти. Настапот во полуфиналето на Југославија бил негов прв и последен официјален настап на едно напреварување. Поради неговата голема љубов и посветеност кон шахот, во 1948 година на изборното собрание Блаже Конески бил избран за прв претседател на Шаховскиот сојуз на Македонија. Според кажувањата на постарите љубители на шахот бил многу ревносен како претседател, но поради обврските на факултетот и писателската дејност по неколу години се повлекол од функцијата и и дал предност на литературата.
На ревијалниот турнир во чест на великанот Конески заслужено победи екипата на ШК Шах Шех од Битола, пред ШК Штајниц од Битола и ШК Прилеп.
Со ваквите потези прилепчани уште еднаш ја засрамија федерацијата која самата не ги чествува своите значајни денови, како и великани на шахот.
-
АТПпред 22 часа
Тениски срам: Пред неколку години беше во топ 20, сега загуби меч за 37 минути во сомнителни услови (Видео)
-
Лига на шампионипред 7 часа
Суперкомпјутерот на „ОПТА“ ги одреди фаворитите за триумф во Лигата на шампионите
-
Мото ГПпред 19 часа
Роси никогаш нема да му прости на Маркез: Никој во историјата не бил валкан како него!
-
Светпред 20 часа
Родри: Ќе биде неправедно за Чави и Иниеста, но јас веќе се чувствувам како победник на „Златната топка“
-
Шпанијапред 8 часа
Карвахал понуди едноставно решение за својата иднина, на потег е Перез
-
Англијапред 18 часа
Капело стравува за летното засилување на Јунајтед: Тој се уште мисли дека е во Италија……
-
АТПпред 18 часа
Ѓоковиќ детално објасни зошто олимпиското злато е повредно од сите освоени 24 грен слем титули
-
Шпанијапред 9 часа
Јамал решил да си купи егзотично животно, но се јавил проблем: Мојата мајка не ми дозволува