Поврзете се со нас

НБА

Приказната за најдобриот играч во НБА финалето: Професорката предвидуваше дека ќе заврши во затвор, а сега ја покори Америка (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/celtics

Џејлен Браун не добиваше заслуги какви што заслужува во изминатите неколку години колку што е дел од професионалната кошарка, но играчот на Бостон рано утрово ја доби најголемата награда во својата кариера.

Покрај тоа што го освои шампионскиот прстен во НБА лигата, беше прогласен и за најкорисен играч во НБА финалето против Далас, што всушност беше само најдобар зачин за сезоната во која брилјираше од самиот старт.

Патот на Браун до самиот врв не беше воопшто лесен и мораше да мине многу пречки за да дојде до највисокото скалило, но мора да се пофали и стратегијата на Бостон кој му веруваше и во најтешките моменти.

Многумина ја исмеваа одлуката на Бостон да го направи Браун најплатен играч со 300 милионски договор, а судбината посака токму Џејлен да ги води Селтикси до првата титула во НБА лигата по пауза од 16 години.

Браун го заврши финалето со просек од 20,8 поени, 5,4 скокови, 5 асистенции и 1,6 украдени топки по натпревар, додека на последниот меч рано утрово запиша 21 поен, 8 скокови и 6 асистенции.

– Оваа МВП награда е успех на целиото тим, ќе ја поделиме оваа награда со сите во тимот. Без нив, немаше да стигнам до тука, – изјави скромниот Браун.

Во моменти на голема еуфорија, американските медиуми не ги забораваат и тешките детски денови на Браун, како и изјавата на професорката која предвидувала дека ќе заврши во затвор.

– Мојата професорка типуваше дека за пет години ќе завршам во затвор, а јас стигнав до најсилната кошаркарска лига во светот, – изјави Браун кога беше селектиран од Бостон во 2016-та година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни