Приказната продолжува, емотивна средба: Драгиќ ја изненади мајката на Дражен Петровиќ со специјален подарок (Видео)

biserka-goran

Репрезентацијата на Словенија минатата седмица дојде до пехарот на Евробаскетот, а за тоа големи заслуги имаше Горан Драгиќ кој блескаше особено во финалето против Србија и сосема заслужено го доби признанието за најкорисен играч на шампионатот.

Драгиќ освен индивидуалните и тимските признанија доби и еден специјален подарок и тоа од мајката на легендарниот Дражен Петровиќ, госпоѓата Бисерка. Таа му испрати дрес на Дражен со бројот три од времето кога нејзиниот син беше дел од Њу Џерси Нетс.

Словенецот со солзи во очите го прими овој подарок притоа посочувајќи дека тоа е еден од најдобрите поклони во својот живот.

Сега пак ѕвездата на Мајами Хит ја изненади госпоѓа Бисерка и се сретна со неа за време на една телевизиска програма притоа давајќи и го својот дрес со број три.

Бисерка откри дека дресот ќе оди на посебно место во музејот каде се оние на Мајкл Џордан и Стеф Кари.

Facebook Коментари