Пријателски меч се претвори во непријателски: Диего Коста се врати на теренот и експресно беше испратен во болница (Видео)

kosta-lezi

Диего Коста го пропушти крајот на сезоната во Примера поради исклучувањето кое го имаше на дербито со Барселона, а дефинитивно нема да го памети по добро враќањето на терените откако заработи тешка повреда на последниот меч кој го одигра Атлетико Мадрид оваа сезона.

Тимот на Симеоне отпатува во Израел каде одигра пријателски натпревар со Беитар, но зборот пријателски дефинитивно не се совпаѓа со она што го видовме на теренот уште во првото полувреме. Диего Коста обично е оној кој знае да им зададе незгодни удари на противниците, но вечерва беше жртва на хорор старт, по што беше на носилки изнесен од теренот.

Напаѓачот со огромни болки беше повлечен од игра, а дефинитивно имаше среќа што мина без посериозна скршеница.

Facebook Коментари