Поврзете се со нас

АТП

„Пријателите“ Зверев и Медведев одново се закачија за време на полуфиналето: Повторно прави шоу….. (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/AustralianOpen

Данил Медведев и Александер Зверев развија едно ривалство за кое не може да се каже дека е најпријателско на АТП турот, а тоа можеше да се забележи и за време на тензичното полуфинале во Австралија.

Германецот Саша ги пропушти своите изгледни шанси во третиот сет и пропушти да го победи Медведев со максимални 3:0, па откако не го искористи подобриот ритам, дозволи враќање на Русинот кој по трет пат на овогодинешниот турнир во Мелбурн доби меч во пет сета.

Медо ги доби третиот и четвртиот сет во табјрекот, но се чини дека пресудните моменти се случија на крајот од четвртиот, кога Русинот практикуваше и таканаречени умствени игри за да го деконцентрира противникот.

Иако од оваа година во Австралија не се користат линиски судии и е имплементирана компјутерска технологија, Медведев бараше повторена видео снимка за еден удар на Зверев, по што Германецот не остана импресиониран од тактиката на противникот.

– И самиот знае дека е добра топка, повторно прави само шоу……, – порача Зверев кој минатата година го нарече Медведев најнефер тенисет на турнејата.

Добро познато е дека двајцата не се во најдобри односи и дека не се „мирисаат“, нешто што можеше да се заклучи и од прославата на Медведев кој извикуваше „Карма“ кон својот тим.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни