Причините за елиминацијата од ЛШ: Верати посочи каде ја загубиле битката со Реал

verati

Францускиот гигант, Пари Сен Жермен во оваа натпреварувачка сезона влезе со големи амбиции за да го нападне тронот во фудбалска Европа, но падна веќе во првата елиминациска рунда во Лигата на шампионите и ќе мора сега да се задоволи само со резултатите и евентуалните успеси на домашната сцена.

„Светците“ загубија од Реал Мадрид на двете средби, но според Марко Верати тие не биле многу далеку од посакуваниот резултат, поточно пресметата ја одлучиле сити детали.

-Реал е силен противник, но ние бевме уверени дека можеме да поминеме. Некои детали ја направија разликата. Направивме многу во првиот меч, но разликата беше два гола.  Исто ни недостасуваше Нејмар, тоа е како да го тргнете Меси од Барселона, -истакнал Италијанецот за „Газета Дело Спорт“.

Facebook Коментари