Прибак: Лесно ќе се вклопам во системот на Раул

pribak sobir palas 2017

Македонската машка ракометна репрезентација неделава ќе ја искористи можноста да тренира со сите ракометари кои беа повикани од селекторот Раул Гонзалес, а повратник во националниот тим е Немања Прибак.

Прибак игра во одлична форма во дресот на Бешикташ, па сигурно и го заслужи повикот на Раул.

– Се враќам во репрезентацијата по една година, а за мене е првпат да ја минеме ЕХФ неделата само со тренинзи и без натпревари. Ќе имаме можност да се запознаеме и со некоја нова тактика на селекторот, тоа м ми беше интересно, Раул ме бараше и го прифатив повикот.

– Повеќето играчи веќе имаат работено со Раул, тој стил на игра и мене ми е познат и истиот го преферирам и сметам дека лесно ќе се вклопам во системот, – истакна Прибак на денешниот прв собир.

Facebook Коментари