Прибак и Лазаров скромни, Бешикташ без шанси во Лисабон

Pribak-Besiktas

Турскиот првак Бешикташ не успеа да извлече позитивен резултат на гостувањето кај Спортинг во Лигата на шампионите, а тимот од Лисабон успеа да ги неутрализира и македонските репрезентативци Филип Лазаров и Немања Прибак за победа од 34:27.

И двајцата постигнаа само по еден гол, а Спортинг го реши победникот уште на полувреме кога водеше со 17:12, за на крајот да стигне до поубедлив триумф од 34:27. Најефикасен во редовите на Бешикташ бил Доне со 7 погодоци, додека во победничкиот тим Карол и Никчевиќ реализирале по 6 голови.

Бешикташ сега има две победи, едно реми и четири порази, додека Спортинг со три победи и четири порази има еден бод повеќе и се наоѓа на третото место во групата. Во неа настапува и Металург и има ист број бодови како турскиот клуб, но и натпревар помалку.

Facebook Коментари