Прибак и Бешикташ не успеаа да го изненадат Силкеборг

pribak

Најдобриот турски состав, Бешикташ не успеа да извади поволен резултат на гостувањето во Данска кај Силкеборг во рамките на шестото коло во Лигата на шампионите.

Домаќините беа подобри во двете полувремиња (16-12, 18-15) за конечни на крајот 34-27. Маркусен и Хансен со по шест гола ги предводеа Силкеборг, додека кај Бешикташ најистакнат поединец беше Доне со осум погодоци.

Македонскиот репрезентативец Немања Прибак пак беше стрелец на четири голови од осум обиди.

Facebook Коментари