Преживеаниот братучед на Рејес се врати на „Санчез Писхуан“ четири месеци по хоророт (Фото)

reyes-tribina

Хуан Мануел Калдерон го следел во живо натпреварот меѓу Севилја и Леванте кој се одигра изминатиов викенд, што за него претставува прв јавен настан откако беше единствениот кој го преживеа страшниот инциднет во кој животот го загубија неговите двајца братучеди, од кои едниот беше Хосе Антонио Рејес.

Прославениот шпански фудбалер го загуби својот живот додека го управуваше својот Мерцедес Брабус на почетокот на месец јуни, а четири и пол месеци подоцна, Хуан Калдерон беше почесен вип гости на „Рамон Санчез Писхуан“. Преживеаниот братучед на Рејес и натаму има видни последици од тешките изгореници кои ги заработи во ужасната сообраќајна несреќа, но имаше можност да се врати на стадионот во кој беше заљубен Антонио.

Братучедот на Рејес позираше со претседателот на Севилја, Хосе Кастро, носејќи специјална маичка на која имаше слика од Хосе Антонио Рејес од незаборавната ноќ во Базел кога Севилја со пресврт го победи Ливерпул во големото финале на Лига Европа.
rejes-bratuced

Facebook Коментари