Презентирани медалите за Олимписките Игри во Токио, истите се изработени од мобилни телефони

medali

На точно една година до почетокот на Летните Олимписки Игри кои ќе се одржат во Токио беа презентирани медалите кои ќе ги добијат победниците во секоја дисциплина.

Златните, сребрените и бронзените медали се изработени од мобилни телефони од страна на Јуничи Каваниши.

За изработка на медалите биле собрани вкупно 78.895 тони или вкупно 6.20 милиони мобилни телефони кои биле донирани од јавноста. Од мобилните биле извадени милиони парчиња метали од кои подоцна се направени медалите за игрите во Токио.

Вкупно 32 кг. злато, 3500 кг. сребро и 2.220 кг. бронза биле собрани за медалите за кои се верува дека се првите одржливи медали во историјата на Олимпијадите.

Facebook Коментари