Поврзете се со нас

Германија

Преведувачот му направи непријатен проблем на Левандовски: Еден збор менува многу нешта (Видео)

Објавено

на

Роберт Левандовски како капитен на Полска се појави на денешната прес-конференција во пресрет на натпреварите кои следат, но сосема очекувано, најмногу зборувал за својата иднина.

Популарниот Леви во своето обраќање уште еднаш нагласил дека не гледа како би останал во Баерн Минхен ова лето, но сепак еден лош превод на човекот задолжен за транскрипција му создал и непријатен проблем.

– Не сакам да бидам во ваква ситуација, мојата етапа во Баерн е завршена. Не гледам никаква можност да ја продолжам мојата кариера таму. Најдобро решение ќе биде заминување.

– Се надевам дека нема да го стопираат моето засилување, да видиме што ќе можеме да направиме во наредните неколку седмици, – изјавил Левандовски, кој потоа го потсетува преведувачот на делот кој го пропуштил, а во кој вели дека „Баерн е сериозен клуб“.

– Баерн НЕ е сериозен клуб и не гледам никаква опција да продолжам да играм во овој клуб повеќе, – гласи погрешниот превод кој го направи човекот одговорен за пресот, а кој му донесе доста негативни коментари на Левандовски пред да се појави видеото.

Мислата на Левандовски е дека Баерн како сериозен клуб не треба да го блокира неговиот трансфер, односно се надева на мирна разрешница која ќе ги задоволи сите страни.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни