Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Преведувачката доживеа „колапс“ на пресот, Луис Енрике издоминира: Така е кога прашувате за Мбапе…… (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/PSG_English

Луис Енрике воспостави необична комуникација и однос со француските новинари и постојано дава доста саркастични одговори на прес-конференциите, но тоа што го режираше пред реваншот со Реал Сосиедад во Шпанија предизвика голема смеа во салата.

Тренерот на ПСЖ мирно даваше одговори на поставените прашања, се додека преведувачката не остана целосно во бунило и не можеше да го разбере прашањето на францускиот новинар.

Преведувачката имаше целосна блокада и доживеа „колапс“ дури во три наврати, по што Луис Енрике во свој стил реши да се шегува со новинарите.

– Сигурно прашањето е многу тешко и е поврзано со Мбапе. Така е кога прашувате за Мбапе….., – порача Луис Енрике, кој по три неуспешни обиди од преведувачката, побара друг да ги преведе зборовите на новинарот.

Прашањето беше дали планира да го одмора и да го вади Мбапе и на натпреварите во Лигата на шампионите, по што Лучо возврати:

– Можеби да, можеби не. Кој да знае……., заврши Шпанецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни