Поврзете се со нас

Италија

Претставникот на Лацио кој го испровоцира Гатузо денес јавно се извини за потегот (Видео)

Објавено

на

blank

Италијанското дерби меѓу Наполи и Лацио беше одбележано и со инцидент во кој испровоцираниот Џенаро Гатузо сакаше да се пресмета со претставник на гостинската екипа.

Тренерот на Наполи мораше да биде задржан од Игли Таре и уште неколку претставници на двете екипи, а денеска стана јасно и кој го предизвикал инцидентот и на кој начин.

Се работи за физиотерапевтот на римскиот клуб, Алекс Маџи кој од клупата испратил навредливи зборови на адреса на противниците, меѓу кои и терминот „тероне“, кој се користи како навреда за луѓето од југот на Италија и пред се Неапол.

– Дојди и кажи ми „тероне“ во лице ако смееш, – викаше Гатузо во секвенците во кои беше уловен од камерата, а денеска Маџи јавно се извини за својот потег.

– Многу години ја работам оваа професија и досега не сум навредил никого. Вчера, за време на дуелот со Наполи направив непримерен потег и им се извинувам на сите и посебно на Рино Гатузо, – напиша Маџи на социјалните медиуми.

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Популарни