Поврзете се со нас

АТП

Претставник на „ВАДА“: Случајот на Синер нема никаква врска со допинг

Објавено

на

foto: x.com/atptour

Одлуката за спогодба меѓу Светската анти-допинг агенција (ВАДА) и Јаник Синер предизвика многу негативни коментари на тениската сцена, а дел од колегите на Италијанецот имаат многу замерки за начинот на кој е донесена одлуката, па и за нејзината содржина.

„ВАДА“ првично бараше двегодишна суспензија за Синер, но подоцна ги прифати аргументите и доказите на тенисерот за ненамерна контаминација преку физиотерапевтски третман, па се спогоди со тениската ѕвезда за тримесечна суспензија.

– Овој случај е милион милји далеку од допинг.

– Фидбекот кој го добивме од експертите е дека овде не се работи за свесно користен допинг, вклучувајќо го и фактот дека се работи за микро доза од спорната супстанца, – изјавил Рос Венцел, генерален советник во „ВАДА“.

– Добивме реакции кои велат дека суспензијата е превисока и такви кои велат дека е премала, што веројатно е знак дека сме донеле вистинска одлука. Кога ги разгледуваме овие случаи размислуваме за техничкиот и оперативниот аспект, а не што ќе каже јавноста или политичарите, – рекол Венцел.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни