Поврзете се со нас

Формула 1

Претставник на Пирели се изјасни за ситуацијата со пневматиците на Хамилтон

Објавено

на

Луис Хамилтон никогаш нема да знае дали погрешил што ги следел препораките на Мерцедес да влезе во боксот во финишот на трката во Турција, а останува да видиме дали можеби и епилогот од Истанбул ќе има директно влијание во борбата за титулата.

Британецот инсистираше да остане без менување пневматици во последните кругови, но по неколку сугестии од инженерите го направи тој потег и на крајот го освои петтото место.

Одговорниот во Пирели, Марио Изола ја коментирал ситуацијата и дал свое мислење за тоа дали Мерцедес повлекол правилен потег.

– Гледајќи ги пневматиците по трката, би рекол дека немало да издржат или ќе биле на крајната граница.

– Малку е опасно да се ризикува на ваков начин, иако разбирам дека секој тим сака да постигне што подобар резултат.

– Ги предупредивме тимовите да не одат со тактика без менување пневматици, бидејќи тоа е ризичен потег, – изјавил Изола.

Хамилтон: Криво ми е што не го следев мојот инстинкт

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни