Италија
Претставник на Бешикташ им открил на медиумите: Киеза има нелогични барања
Федерико Киеза и натаму не знае каде ќе ја продолжи кариерата, очекувајќи соодветна понуда која ќе биде прифатена од Јувентус и истовремено оставен настрана од проектот на новиот тренер Тиаго Мота во редовите на „бјанконерите“.
Италијанскиот репрезентативец не е во составот ниту за денешната „генералка“ против Атлетико Мадрид и останал во Торино каде се подготвува индивидуално додека досегашните соиграчи се во Шведска, а барем засега нема ништо од конкретни преговори за неговиот потпис.
Една од причините е веројатно големата плата која ја бара фудбалерот, а поради која и Јувентус реши да се откаже од него една година пред да му истече договорот.
Потпретседателот на Бешикташ, Хусеин Јучел на медиумите им открил дека неговиот клуб ја разгледувал опцијата да го ангажира Киеза, но се откажал поради нереалните барања на фудбалерот.
– Точно е, размислувавме за Киеза десетина дена. Јувентус бара за него 15 милиони, додека фудбалерот очекува плата од 9 милиони евра. Неговото барање е нелогично и ние не можевме да го исполниме, затоа Киеза веќе не е нашата агенда. Клубот е поважен од имињата на фудбалерите, – рекол Јучел.
Бешикташ претходно веќе го ангажираше Чиро Имобиле, кој дојде од редовите на Лацио.
-
Балканпред 19 часа
Гатузо со вулгарни зборови по големата дерби победа над Динамо: Би бил вистинско……
-
Шпанијапред 18 часа
Помладиот Белингем за ѕвездата на Реал: Џуд е бескорисен…
-
Светпред 19 часа
Димитриоски и Карапалевски со ист учинок, Валјадолид испушти победа во АСОБАЛ лигата
-
Шпанијапред 18 часа
Деко за играчот кој си замина од Барселона: Му понудивме договор и важен проект, но тој…
-
Шпанијапред 16 часа
Јамал: Сакам да играм заедно со него секоја недела
-
Англијапред 12 часа
Гвардиола: Првпат се сложувам со Тебас
-
АТПпред 15 часа
Руд застана зад Синер: Се запознав со правилата, ако внимателно прочитате…
-
Англијапред 15 часа
Мареска објасни што очекува од Санчо по трансферот од Јунајтед