Претставници на Манчестер Јунајтед заминале во Германија на разговори со Ралф Рагник

Vudvard

Високи претставници на Манчестер Јунајтед заминале во Германија каде треба да одржат разговори со искусниот поранешен тренер на Ред Бул Лајпциг, Ралф Рагник.

Наводно, Ед Вудвард им дал дозвола на одредени челници на клубот да се сретнат со Рагник за да му понудат тој да биде новиот спортски директор на Манчестер Јунајтед.

  1. годишниот Рагник минатата сезона беше тренер на Ред Бул Лајпциг, а сега ја одработува функцијата директор за спорт и напредок.

Инаку, Рагник во изминативе неколку денови беше поврзуван со тренерската позиција во Баерн Минхен, меѓутоа истата ја одби со образложение дека сака до крајот на сезоната да продолжи во Лајпциг.

Доколку ја прифати понудата од Јунајтед, Ралф Рагник од следното лето треба да ја преземе функцијата спортски директор.

Facebook Коментари