Поврзете се со нас

Европски првенства

Претставен видео спотот за македонската навивачка химна за Европското првенство (Видео)

Објавено

на

Македонската фудбалска репрезентација неодамна успеа да ја шокира големата Германија, а наскоро повторно ќе биде топ тема на македонската јавност.

Во јуни започнува Европското првенство, на кое избраниците на Игор Ангеловски првпат ќе ја претставуваат Македонија на еден голем турнир, а една од највртените песни сигурно ќе биде новата навивача химна.

Група наши музичари потпишани како „Вис Рисови“ ја креираа новата навивачка химна и тоа во соработка со Фудбалската федерација на Македонија и членовите на националниот тим, а нејзиното име е „Одиме на европско“.

Денеска официјално е претставен и видео записот, а во него учествуваат селекторот Ангеловски и нашите репрезентативци.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни