Поврзете се со нас

Шпанија

Претседателот во екстаза: Лапорта влезе во соблекувалната на Барса и предизвика вистинско лудило (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBarcelona

Жоан Лапорта ја презема Барселона во еден од најризичните и најтешките моменти во историјата на клубот, а две години откако беше реизбран за прв човек на каталонскиот гигант, го врати тимот на највисокото скалило во шпанскиот фудбал.

Со победата од 2:4 на гостувањето кај Еспањол, Барселона математички ја обезбеди титулата во домашното првенство и ја освои 27-та титула во Ла Лига, успех кој експресно предизвика насмевка на лицето кај секој голем фан на клубот.

Играчите на Барса веднаш почнаа да слават на теренот и со тоа иницираа еден хаос кој за среќа не се претвори во поголем инцидент, но главното славје сепак било резервирано за соблекувалните.

Барселона преку своите профили на социјалните мрежи долови дел од атмосферата, а интересно, посебно возбудлив е моментот кога на сцена стапува првиот човек на клубот.

Жоан Лапорта предизвика екстаза меѓу играчите на Барса со своето влегување во соблекувалната, па видеото брзо стана вирален хит.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни