Поврзете се со нас

Италија

Претседателот на Торино потврди дека и тие имаат случај „Влаховиќ“

Објавено

на

Фиорентина веќе потврди дека најдобриот напаѓач Душан Влаховиќ одбил да го продолжи договорот со клубот и има поинакви планови, а се чини дека таков случај ќе има и Торино.

Претседателот и сопственик на клубот, Урбано Каиро изјавил пред медиумите дека најголемата ѕвезда на „биковите“, Андреа Белоти веројатно нема да ја продолжи соработката со Торино.

– Белоти нема ставено потпис на новиот договор и веројатно нема да го направи тоа.

– Му доставив понуда која ги надминува моите можности, но не можам да го натерам на сила да потпише. Мислам дека има други планови, – изјавил Каиро.

Белоти е во Торино од 2015 година, а актуелниот договор му истекува во јуни, што значи дека претстојното лето ќе може да замине како слободен агент.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни