Поврзете се со нас

Италија

Претседателот на Торино: Ако сезоната продолжи, следната нема да започне пред 20 октомври

Објавено

на

Урбано Каиро како претседател на Торино гласал за продолжување на сезоната, но вели дека се уште го мачат неколку работи, меѓу кои и влијанието на оваа врз следната сезона.

– Ми се чини дека сезоната ќе започне на 13 или 20 јуни, протоколот е подготвен. Но, треба да бидеме внимателни, фудбалот е спорт со многу контакти, а играчите ќе бидат под голем ризик за повреди бидејќи немаа вистински тренинг два и пол месеци.

За Каиро најголем проблем е и фактот што доигрувањето на сезоната ќе значи дека следната не може да започне пред октомври.

– Ако оваа сезона заврши на 20 август, кога ќе започне следната? На фудбалерите им требаат две-три недели одмор, а потоа најмалку месец подготовки, што значи дека не можеме да почнеме пред 20 октомври, а во јуни ќе има Европско првенство, ми делува многу комплицирано.

Првиот човек на „биковите“ вели дека не гледа логика да има ни плеј-оф натпревари бидејќи евентуалното прекинување на првенството ќе биде поради опасност по здравјето, а тоа ќе важи и за евентуалните плеј-оф дуели.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни