Поврзете се со нас

Светски првенства

Претседателот на РФМ ги посети кадетките пред почетокот на СП во Скопје

Објавено

на

Женската кадетска ракометна репрезентација за два дена ги почнува настапите на Светското првенство кое ќе се одржува во нашата земја, а денеска во посета на нашите кадетки беа претставници на раководството на Ракометната федерација на Македонија.

Претседателот Живко Мукаетов и генералниот секретар Филип Милошевски присуствуваа на тренингот на избраничките на селекторот Љубомир Савевски во салата „Автокоманда“, изразувајќи поддршка пред мундијалските настапи.

Кадетската репрезентација по подготвителната етапа која ја одработи во Маврово, последните тренинзи во пресрет на Мундијалот ги одработува во Скопје.

Македонија е во група со Узбекистан, Сенегал и Иран, натпреварите ќе ги игра во СЦ „Борис Трајковски“, a дебитираме во сабота (20:30) против Сенегал.

Кадетскиот ракометен мундијал во женска конкуренција (U18) кој ќе се одржува во Скопје е прв од натпреварувачки формат со 32 учесници, претходниот кој беше предвиден беше откажан во 2020-та година во Хрватска поради пандемијата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни