Поврзете се со нас

Италија

Претседателот на Порто за идното засилување на Интер: Не можеме ништо да сториме

Објавено

на

Интер уште отсега има договорено неколку трансфери за следната сезона, откако директорите на клубот веќе имаат постигнато договор со најмалку двајца играчи на кои договорите со актуелните клубови им истекуваат во јуни.

Покрај Пјотр Зјелински, Интер ќе се засили со напаѓачот на Порто, Меди Тареми, искусен играч со кого „неразурите“ наводно договориле двегодишна соработка.

Претседателот на Порто, Пинто да Кошта им потврдил на новинарите дека клубот не може да промени ништо и Тареми очигледно веќе го направил својот избор.

– Тареми е важен играч за нас, но не можеме да сториме ништо околу оваа ситуација.

– На крајот на нивните договори, фудбалерите се слободни да одлучат каде ќе ја продолжат кариерата. Нам ни останува само да му посакаме среќа, – изјавил претседателот на Порто.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни