Поврзете се со нас

Италија

Претседателот на Милан: Не е време за одлука околу Супер лигата

Објавено

на

Дел од европските клубови излегоа со јасен став во однос на евентуалното учество во Супер лигата, Наполи изрази подготвеност за дијалог, додека Милан засега не сака да објави конкретно дали е расположен за алтернативното натпреварување.

Претседателот Паоло Скарони во изјава за италијанските медиуми истакнал дека италијанскиот фудбал има сериозни проблеми кои треба да бидат решени, а делумно тоа важи и за европските купови.

– Започнавме процес на разговори со релевантните структури, вклучувајќи ја Серија А, но прерано е да излеземе со конкретен став.

– Ќе имаме и состанок на Бордот на директори во клубот, што значи дека ќе разговараме на оваа тема, не можеме да коментираме откако прочитавме одредено соопштение, – рекол Скарони.

Милан беше меѓу клубовите основачи во првичната промоција, но потоа се повлече од проектот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни