Поврзете се со нас

Италија

Претседателот на Лацио во акција: Лотито сака му го уништи планот на Јувентус

Објавено

на

foto:twitter.com/OfficialSSLazio

Лацио има турбулетна сезона и многу работи ќе зависат од тоа како истата ќе ја заврши со оглед на тоа што екипата доби и нов тренер во името на Игор Тудор.

Лацијалите ќе се обидат да изборат место во Европа затоа што ако тоа не биде направено тоа може да биде огромен проблем од финансиски аспект, поточно може да значи заминување, продажба на играчите кои се важни.

Во исто време клубот од Рим ќе се обиде во последен момент да спречи заминување на Фелипе Андерсон на кого договорот му завршува за неколку месеци. Јувентус ја користи оваа ситуација и веќе води интензивни разговори за негов ангажман, но се уште ништо не е готово и ова ќе се обиде да го искористи претседателот Клаудио Лотито кој направи последен обид да го задржи офанзивецот на „Олимпико“.

„Кориере Дело Спорт“ пренесува дека Лотито е во контакт со Јулијана Гомеш, сестра и агент на Фелипе, па ќе се обиде преку нов состанок да донесе пресврт во ситуацијата.

Овој медиум тврди дека Бразилецот побарал плата од 3,5 милиони евра годишно која Лотито може да ја израмни со додатоци, бонуси. Според информациите, разликата меѓу понудата на Лацио и барањето на фудбалерот е околу 1 милион евра по сезона, но мора да се разговара и за должината на новиот договор.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни