Претседателот на Ла Лига „распали“ на Твитер и повика УЕФА по Манчестер Сити да казни уште еден голем европски тим…

tebas-mikro

Првиот човек на Ла Лига, Хавиер Тебас преку својот Твитер профил ја поздрави одлуката на УЕФА да му врачи казна на Манчестер Сити.

„Граѓаните“ поради кршење на правилата на Финансискиот Фер Плеј  добија двгодишна забрана за настап во натпреварувањата организирани под капата на УЕФА, а Тебас преку Твитер соопшти дека и во ПСЖ треба да се разгледаат некои сомнителни зделки.

– УЕФА конечно презеде одлучувачка акција. Примената на правилата на Финансискиот Фер Плеј и казнувањето поради кршењето на истите е од пресудно значење за фудбалот. Со години повикуваме против Манчестер Сити и ПСЖ да се преземе соодветна акција. Подобро некогаш, отколку никогаш, -напиша Тебас.

Facebook Коментари