Поврзете се со нас

Италија

Претседателот на Калјари за трансфер желбата на Јувентус: Ситуацијата е многу комплицирана

Објавено

на

Екипата на Јувентус во овој преоден рок одлучи да биде активна на трансфер пазарот, па така според информациите веќе го обезбеди потписот на напаѓачот Душан Влаховиќ кој ќе пристигне во Торино од Фиорентина.

Меѓутоа „бјанконерите“ не планираат тука да застанат и нивна голема желба е Нахитан Нандез од Калјари. Во Јувентус треба да се ослободат од дел од сегашните играчи, односно да се направи простор за да се нападне Уругавецот кој според медиумите би пристигнал на позајмица со опција договорот да биде откупен.

Претседателот на Калјари, Томазо Џулини внимателно ги прати сите пишувања, но споре него ќе биде многу тешко Нандез во завршницата на овој преоден рок да ја промени клупската средина.

-Оваа работа со Нандез е сапуница која трае веќе неколку трансфер периоди. Имаме три дена од крајниот рок, тој е многу важен за нас во борбата за опстанок во Серија А. Нандез беше најголемата инвестиција во историјата на Каљари, потрошивме многу пари и сакаме да вратиме барем дел од нив.

-Остануваат уште три дена, немаме добиено формални понуди. И јас постојано ги читам во весниците овие имиња на потенцијални договори за размена, но тоа не нè интересира во моментов. Многу е комплицирано да се сугерира дека може да замине во јануари, бидејќи нема официјална понуда и потребна е соодветна замена, -порача Џулини за „Тутомеркатовеб“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни