Поврзете се со нас

Италија

Претседателот на Италијанската федерација навести што ги очекува клубовите „бунтовници“

Објавено

на

Претседателот на Италијанската фудбалска федерација, Габриеле Гравина, најави дека италијанските авторитети не планираат казни за клубовите кои влегоа во Супер лигата.

Интер, Милан и Јувентус беа меѓу 12-те клубови основачи, но откако проектот не успеа поради откажувањето на премиерлигашите, голем дел од товарот падна на италијанските и шпанските, при што дел од фановите и фудбалските работници бараа и казни за „бунтовниците“.

Гравина ги смирува страстите и вели дека ситуацијата треба да се искористи за да се утврдат направените грешки и она што ги мотивирало клубовите да се решат на ваков потег.

– Не можете да санкционирате некого поради идеја, посебно кога таа не станала реалност.

– Ова е ситуација поради која мора да реагираме, покажува дека нешто не функционира и сите мора да преземеме одговорност за тоа да се промени и да спречиме вакви ситуации во иднина, – изјавил Гравина, кој во најнапнатиот период стана нов член на Извршниот комитет на УЕФА.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни