Поврзете се со нас

Балкан

Претседателот на Хајдук му одговори на Калиниќ, па заклучи: Јас сум две скалила над Гатузо!

Објавено

на

Foto:x.com/hajduk

Отказот кој вчера го заработи Никола Калиниќ предизвика вистински „земојтрес“ и во онака разнишаниот фудбалски великан од Сплит, па денеска цела драма околу Хајдук продолжи со јавни обраќање пред јавноста на досегашниот спортски директор, но и претседателот на клубот.

Калиниќ го изнесе на виделина „валканиот веш“ и откри какви заплети имал од раководството за време на својот четиримесечен мандат како спортски директор, но на заминуавње заклучи дека водечките луѓе кои во моментов го управуваат Хајдук едноставно не знаат што прават и немаат никаква врска со фудбалот.

Овие жестоки зборови беа надополнети со изјава дека претседателот Иван Билиќ веќе со месеци не зборува со тренерот Џенаро Гатузо, по што новинарите побараа одговор на оваа тема на подоцнежниот прес кој го одржа првиот човек на клубот.

– Денеска се случи напад на моделот со кој се управува Хајдук како клуб. Прво и основно, одлуката за смена на Калиниќ е исклучиво моја. Се советував со Управата и со надзорниот одбор. Јас направив грешка што го поставив како спортски директор, сега решив да ја исправам. Калиниќ во низа ситуации ги надмина границите, најпрво човечки, а потоа и професионално. Жалам што реши да си оди од клубот на ваков начин, – изјави Билиќ.

– Не зборувам со Гатузо? Од тренерот очекувам само да си го исполни договорот и она за што е донесен. Тој е мотивиран за следниот меч, дербито со Динамо. Се надевам дека ќе ја искористи оваа ситуација за да го подигне тимот. Новиот спортски директор ќе нема ингеренции над актуелниот тренер. Јас сум две скалила над тренерот во хиерархијата и јас одлучувам што ќе се случува. Не зборувам со него, бидејќи немам што да му сугерирам за неговата работа, – додаде претседателот на Хајдук.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни