Поврзете се со нас

Англија

Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Косово потврди дека Ливерпул се интересира за нивниот најдобар играч

Објавено

на

Репрезентацијата на Косово иако е нова на светската фудбалска мапа може да се пофали дека во своите редови има навистина одлични фудбалери.

Еден од најдобрите, ако не и најдобар е 23 годишниот фудбалер на Вердер Бремен, Милот Рашица.

Станува збор за играч кој може да покрие неколку позиции во средината на теренот, а примарна му е левата крилна позиција.

Рашица со своите одлични настапи во дресот на клубот од Бремен го сврте вниманието на големите европски екипи, а претседателот на Фудбалскиот сојуз на Косово, Агим Амеди сега потврди дека Ливерпул се интересира за неговите услуги.

– Има многу понуди за Рашица. Знам дека Ливерпул од Премиер лигата го посакува, но исто така сум запознаен дека го сака и Лајпциг. Сигурен сум дека ќе се советува и ќе донесе најдобар одлука, -изјави Амеди за ТВ „Сири“.

Инаку Рашица оваа сезона во дресот на Вердер Бремен на 24 одиграни натпревари успеа да постигне десет погодоци, а пет пати се запишал и во листата на асистентите. За репрезентацијата на Косово има 25 средби на кои постигнал четири погодоци.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни