Претседателот на ФФМ оствари средба со првиот човек на ФИФА

sejdini-infantino

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини оствари официјална средба со првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино во седиштето на Светската фудбалска асоцијација во Цирих.

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино ја потврди поддршката која нашата федерација ја добива од ФИФА, потенцирајќи дека Светската фудбалска асоцијација ќе остане цврст партнер на Фудбалската федерација на Македонија.

Муамед Сејдини, претседател на ФФМ изјави дека како федерација сме исклучително горди и среќни што во ФИФА имаме одличен партнер.

Благодарност до претседателот на ФИФА, Џани Инфантино за срдечниот прием и поддршката со која уште еднаш потврдуваме дека ФИФА е цврст партнер на ФФМ и продолжува да ја поддржува нашата фудбалска стратегија.

ФИФА и претседателот Џани Инфантино многупати досега ја искажуваа својата поддршка за Фудбалската федерација на Македонија и затоа цврсто веруваме во стратегијата и мисијата на ФИФА под водство на г. Инфантино. ФФМ ќе продолжи да дава придонес за идеите, сегашните и идните проекти на ФИФА кои секогаш се усмерени кон развој на фудбалот.

Разговаравме за македонскиот фудбал и проектите кои се насочени за негов развој. Ги потенциравме нашите заложби за подобрување на инфраструктурата, зголемување на фудбалската база и континуираното вложување во академиите и националните тимови. Кога ќе погледнеме наназад, гледаме и грешки  – каде што се луѓето, секогаш ќе се случуваат и грешки, но најважно е да учиме од нив. Она што без двоумење можам да го кажам е тоа што секој чекор кој ФФМ го направи во изминатата година е воден со чесна намера и во правец на развој на фудбалот. И тоа во разговорот му го кажав на г. Инфантино. Се разбира, голема помош добиваме од ФИФА, посебно преку програмата FIFA Forward, преку која вложуваме во развој на фудбалот.

Мене ми е драго што и малите федерации, како нашата се повикани да го кажат своето мислење и сугурен сум дека можеме да најдеме решение кое ќе биде добро за сите, а претседателот Инфантино покажува дека знае да пронајде вистинска рамнотежа.

Од име на ФФМ благодарност до г. Инфантино за убавите зборови искажани за нашата федерација и се надевам дека и во иднина ќе работиме уште повеќе за промоција и унапредување на фудбалотизјави претседателот на ФФМ, Сејдини.

Facebook Коментари