Претседателот на Ферари Маркионе дециден: Превземавме гигантски чекори за наредната сезона

Ferari Serhio Markione

Раководството на Ферари излезе со информација околу презентацијата која сите ја очекуваат да се случи на новиот болид за наредната сезона.

Предвидено е официјалната презентацијата да се случи на 22 февруари во Маранело. Претседателот на Ферари, Серхио Маркионе е дециден дека верува во перформансите на новиот болид и дека неговиот тим во 2018 година очекува да направи сериозен прогрес со Ферари на Ф1 патеките.

– Очекувавме сериозни резултати во 2017 година, особено во втората половина од 2017 кога тимот се надградуваше. Ќе бидам искрен, тој тим ветуваше многу, но, се случија некои непредвидливи ситуации и не можевме да ги исполниме зацртаните цели, но, што е тука е. Сега во моментов сме сконцентрирани на новата сезона. Заедно со мојот тим направивме сериозни промени и превземавме уште посериозен пристап каде слободно можам да кажам дека верувам во новата сезона ќе бидеме многу конкурентни на Ф1 патеките, – изјави Маркионе.

Facebook Коментари