Лига на шампиони
Претседателот на ЕХФ за „Дерби“: Македонија може да биде организатор на ЕП, но под еден услов

Од Келн за „Дерби“,
Александар Табаковски
Европската ракометна федерација организираше уште еден успешен фајнл-фор турнир во Келн, а задоволството од се она што се случуваше овој викенд не го криеше и првиот човек на ЕХФ, Михаел Видерер. Тој за „Дерби“ ги издвои своите импресии од годинешното издание на Ф4 турнирот во Лигата на шампионите, но зборуваше и за Вардар и шансите нашата земја еден ден да биде организатор на Европско првенство.
– Прво да истакнам дека многу ги сакам овие викенди, затоа што атмосферата секогаш е фантастична. ЕХФ е пресреќна од фактот што сите екипи се на слично ниво, а исто така сигурно има меѓу осум и десет екипи кои можат да изборат пласман на фајнл-фор завршницата. Вистински пример е Вардар кој оваа сезона не само што беше убедлив во четвртфиналето против Флензбург, туку вчера овде ја совлада и Барселона.
Финалистите на СЕХА лигата, Вардар и Веспрем го потврдија квалитетот и на оваа лига со пласманот во Келн.
– За нас тоа не е изненадување што голем дел од СЕХА тимовите се на врвот на европскиот ракомет. Логично е што играат натпреварување кое делумно ги заменува домашните шампионати во кои немаат толку силна конкуренција, а паралелното учество на Вардар во Лигата на шампионите и СЕХА е една од причините што овој тим стигна и до финалето овде, – вели Видерер.
Следува и Европското првенство во Хрватска, на почетокот на 2018 година. Какви се очекувањата на ЕХФ?
– Хрватска е првата земја која вторпат ќе биде организатор на Европско првенство, сигурен сум дека ќе биде добро организирано првенство и ќе има силна конкуренција за титулата. Последен пат во овој регион се одржа ЕП во Србија и тоа беше одлично организирано и имаше многу публика во салите, па од овој аспект имаме позитивни очекувања.
Дали Македонија може да добие организација на настан како Европско првенство?
– Мое мислење е дека ако Македонија сака да биде домаќин на ЕП, треба да најде партнери од соседството, едноставно поради фактот што е мала земја, а таквите земји немаат многу соодветни сали за вакви настани. Затоа би рекол дека Македонија може да конкурира за ваква организација, но со неколку земји од соседството, – истакна Видерер за „Дерби“.
-
Англија17 часа
Рашфорд и Асенсио дебитираа, Астон Вила преку Тотенхем до осминафинале во ФА Купот (ВИДЕО)
-
Англија22 часа
Фудбалер на Борнмут ги воодушеви фановите со начинот на кој изведе пенал (Видео)
-
Шпанија14 часа
Барселона ја разби Севилја и се врати во трка за титулата (ВИДЕО)
-
НБА23 часа
Татко на НБА ѕвезда исфрлен од арената на барање на судиите (Видео)
-
Свет23 часа
Олимпија Милано со два збора ги опиша движењата на Димитријевиќ: Класа и елеганција (Видео)
-
АБА лига21 час
Голема драма во АБА: Мега искористи напад за победа од една секунда (Видео)
-
Англија22 часа
Мареска искрен за играч кој замина на заем: Не ни недостасува во тимот
-
Шпанија24 часа
Итуралде: Себалјос требаше да добие црвен картон уште во 25. минута (Видео)