Поврзете се со нас

Италија

Претседателот на Џенова лут по пеналот за Интер: Прават пируети за да го измамат судијата

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/azangrillo

Џенова вчера загуби на гостувањето кај лидерот Интер, а еден од клучните моменти на средбата беше пеналот кој го добија домаќините.

Судијата Ајролди сметаше дека стартот на Френдруп над Барела е за удар од белата точка, а во тоа не го разубеди ниту повикот од ВАР собата и прегледувањето на снимката.

Еден ден по дуелот, претседателот Алберто Ѕангрилјо дал изјава за една радио емисија и не криел дека е бесен на Барела и судијата.

– Работата на судиите не е лесна, а истата им ја отежнуваат фудбалери кои прават пируети како кловнови и симулираат непостоечка болка за да ги измамат арбитрите.

– Има фудбалери кои симулираат болка во главата иако биле удрени во задникот. Не зборувам само за Барела, ова се случува секоја недела, – рекол првиот човек на Џенова.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни