Поврзете се со нас

Италија

Претседателот на Бреша открива: Барселона и ПСЖ го сакаат Тонали, но тој сака да оди во….

Објавено

на

Сандро Тонали веќе е надалеку познат и покрај тоа што има 20 години и италијанската јавност веќе извесно време го најавува како „новиот Пирло“, а како што се ближат деновите во кои традиционално се зборува за трансфер, така луѓето од Бреша се се посвесни дека ќе се разделат со својата младата ѕвезда.

Фантастичниот талентиран играч за врска го привлече вниманието на себе со своите изданија во Серија А, па и покрај тоа што неговата врата затропале гиганти како Барселона и ПСЖ, претседателот на клубот открива дека желба на фудбалерот е да продолжи во Италија.

– Кога се заљубувам во еден играч, никогаш не сакам да го продадам. Мојата цел беше да градам тим врз Тонали и тоа сакав да го правам со голема сатисфакција. Тоа беше мој сон, но исто така, сфаќам дека тој има лични цели, како и семејство кое многу го поддржува, особено неговата мајка, – вели првиот човек на Бреша.

– Насер Ел Калаифи сака да го однесе во Париз, ми се јави денеска. Сепак, Тонали не сака да оди во Франција. Тој им дава предност на Интер и Јувентус. Наполи ми понуди 40 милиони евра, Фиорентина е подготвена да направи се, но ќе биде тешко за нив, – додава Масимо Селино и за крај открива.

– Пред коронавирусот, Барселона дојде со понуда од 65 милиони евра, плус двајца интересни играчи кои чинат по 7,5 милиони евра, од кои еден беше дефанзивец, – завршува претседателот на Бреша.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни