Свет
Претседателот на Бразил со порака со сонародниците: Ако ја сакате „Златната топка“…

Лионел Меси и официјално беше прогласен за најдобар светски фудбалер или поточно по осми пат во кариерата имаше можност да ја подигне „Златната топка“.
Со ова Аргентинецот уште еднаш го потврди статусот на еден од најголемите асови во историја на овој спорт, но како и при секој избор има различни реакции, некои сметаат дека заслужно го доби ова признание, други пак сметаат дека тоа е незаслужено, ама ова се е дел од „шоуто“.
Свој краток став во поглед на „Златната топка“ имаше претседателот на Бразил, Лула кој имаше совет до неговите сонародници да го земат Меси за пример ако сакаат да бидат успешни и во иднина да можат да ја освојат оваа најпрестижна индивидуална награда во светот на фудбалот.
-Меси треба да им служи како пример на бразилските играчи.36-годишно момче, шампион на светот, со Златна топка и се. Меси треба да биде инспирација за посветеност на овие деца. Секој кој сака да ја освои Златната топка мора да се посвети на себеси, мора да биде професионалец. Тоа не се прави со забава, не оди со ноќно излегување, -порача Лула.
O Messi deveria servir de exemplo aos jogadores brasileiros. O cara com 36 anos, campeão do mundo, com Bola de Ouro e tudo. O Messi precisa ser inspiração de dedicação para essa molecada. Quem quiser ganhar Bola de Ouro tem que se dedicar, tem que ser profissional. Não combina…
— Lula (@LulaOficial) October 31, 2023
Инаку последниот Бразилец кој го доби ова признание е Кака во 2007 година.
-
Англијапред 14 часа
Ширер: Јунајтед има голем проблем во соблекувалната, четворица играчи се откажаа од борба
-
Светпред 13 часа
Родригез ги одбил Сити и ПСЖ: Флорентино ми постави едно прашање пред да потпишам за Реал
-
Англијапред 12 часа
Матиќ ги обелодени двете ѕвезди на Јунајтед кои редовно доцнеле на тренинзите: Останатите бевме бесни
-
Англијапред 13 часа
Артета му одговори на Пеп со иста мера и ги насмеа новинарите (Видео)
-
Англијапред 15 часа
ФА покрена истрага против Сити за завршницата од дербито, шампионот мора да даде одговор до четврток
-
Италијапред 15 часа
Италијанските фудбалери го избраа играчот на годината и најдобриот тим во Серија А (Фото)
-
Англијапред 8 часа
Менаџерска промена: Искусен стручњак се врати во Премиер лигата (Фото)
-
Англијапред 11 часа
Легенда на Арсенал: Тен Хаг ќе заработи отказ ако загуби на следните три меча