Поврзете се со нас

Германија

Претседателот на Баерн за одговорот на Тухел кон критичарите: Добро е што Томас…

Објавено

на

foto:twitter.com/FCBayern

Баерн Минхен ја уништи Борусија Дортмунд во дербито во Бундеслигата, момент кој беше максимално искористен од тренерот Томас Тухел кој ги „поздрави“ критичарите или поточна двајца експерти, Лотар Матеус и Дитмар Хаман.

Матеус и Хаман знаеја во изминатиов период доста негативно да го оценат Баерн како и работата на Тухел, па стратегот ги начека на „пенал“ и им порача:

-За тим кој не постигнува напредок и има проблем на релација тренер-играчи, работите беа добри за нас денеска. За останатото, ќе дознаете од текстовите на екпертите Диди и Лотар, – порача Томас.

Тухел ги начека експертите „на пенал“: За повеќе информации обратете се кај Матеус и Хаман

Овој негов одговор наиде на одобрување кај претседателот Херберт Хајнер кој за оваа ситуација истакна:

-Мислам дека е добро што Томас веќе постави знак „стоп“. Ми се допаѓа што знае да се брани од критики. И без тоа, притисокот е веќе доволно голем за сите нас во Баерн.

-Секој може да го каже своето мислење и да критикува. Но, по неколку зборови мислите дека се е во руини и дека клубот се бори за опстанок во лигата. Сè уште не сме изгубиле лигашки натпревар и ги добивме сите натпревари од Лигата на шампионите. Да, испаднавме од Купот на Германија, што не е добро, но и тоа може да се случи, -рекол Хајнер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни