Поврзете се со нас

Шпанија

Претседателот на Атлетико: Ако Жоао Феликс го бакне грбот на Барселона…

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBarcelona

Новата рунда во шпанската Примера ќе биде одбележана од пресметката меѓу Барселона и Атлетико Мадрид која е закажана за в недела од 21 часот.

Ова ќе биде дуел на две екипи кои се изедначени на табелата и кои имаа 31 бод, две екипи кои имаат ривалство меѓу себе, ама и дуел кој во моментов ги поврзува еден играч-тоа е Жоао Феликс. Португалецот имаше проблеми на „Ванда Метрополитано“ и муу беше дозволено да си замине и како позајмен играч слета во Барселона.

Тој не крие дека би сакал да остане овде и по истекот на позајмицата, па интересно ќе биде да се види како ќе игра против довчерашните соиграчи кои имаа и некои провокативни изјави во пресрет на ова дерби, но и како ќе реагира и ако даде гол против „душекџиите“.

-Не бил изненаден ако Жоао има големо попладне, ама ако не сигурно ќе биде наредното, -истакна претседателот на Атлетико, Енрике Серезо кој би имал разбирање и ако играчот даде гол и го бакне грбот на Барселона.

-Имајте во предвид дека играчите тоа го прават, јас не знам што сега му се врти во глава, немам зборувано со него две години, ама ако навистина го бакне грбот на Барселона тоа значи ја чувствува Барселона, ако не јас ќе го бакнам -порачал Серезо,

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни