Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Претседателот Иванов ги одликуваше вардарци со „Медал за заслуги за Македонија“

Објавено

на

Екипата на Вардар денеска го донесе европскиот трофеј во Скопје, по што истиот беше прославен низ улиците на главниот град и плоштадот „Македонија”.

Целокупната експедиција на „црвено-црните“ беше поздравена од илјадници луѓе кои уште еднаш покажаа дека овој народ е желен за трофеи и успеси. По парадата вардарците се упатија и во претседателската палата на Водно каде првиот човек на државата. Ѓорѓе Иванов им донесе заслужени признанија, односно ги одликуваше членовите на тимот со „Медал за заслуги за Македонија“, а на клубот му го додели признанието „Повелба на Република Македонија“.

ivanov dres

ivanov-stole

– Со вашата желба, мотивираност, сплотеност и тимски дух ни покажавте дека не постојат искушенија и предизвици кои не можат да се надминат и врвови кои не можат да се освојат. Вие сте пример од кој ќе учат и ќе се мотивираат и сегашните и идните генерации. Верувам дека овој Ваш успех ја обедини целата нација и дека ќе биде импулс и понатаму заеднички да веруваме и да навиваме, заеднички да прославуваме и да се радуваме, да бидеме сплотени и во победите и во поразите како составен дел од спортот и животот, -истакна меѓу другото Иванов.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни