Поврзете се со нас

Италија

Претседател на клуб во Серија А во завршни преговори со Балотели: Ме остава без спиење

Објавено

на

Foto:twitter.com/AdsKulubu

Марио Балотели остана без ангажман по крајот на летниот преоден рок и стана јасно дека ќе мора да почека за новиот предизвик во кариерата, но последните пишувања од Апенините водат кон тоа дека брзо може да си пронајде посакувана средина.

Балотели самиот призна дека ги одбива понудите кои ги има од странство бидејќи чека вистински повик од Серија А, па според пишувањата, „Супер Марио“ во изминативе неколку дена дочекал такво нешто.

Џенова лошо ја почна новата натпреварувачка сезона и забележа само една победа во воедните седум кола, што всушност го натерало претседателот Алберто Ѕангрило да седне на маса со искусниот напаѓач.

Првиот човек на клубот сега отворено призна дека е во завршни преговори со слободниот агент Балотели и тврди дека со добри очи гледа на целата оваа операција.

– Не се согласувам со оние кои велат дека пристигнувањето на Балотели ќе влијае негативно врз другите играчи во тимот. Според мене, Балотели беше најдобрата „9-ка“ во Италија во последните 20 години. Сигурен сум дека Балотели ќе се врати на нивото на кое беше играјќи на „Мараси“.

– Преговорите се предизвик кој ме остава без сон со денови. Никогаш не сум се откажал од Марио, сакам романтични приказни во фудбалот, – изјави Ѕангрило во интервјуто за „Радио Спортива“.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни